Смарт боенка со ликови кои оживуваат со помош на Вашиот смартфон!
3D ликовите се движат, зборуваат (на македонски јазик), а можете и да се фотографирате со нив. Ве очекуваат часови добра забава. Одличен подарок за секое дете!
Ова е многу повеќе од обична боенка. Со помош на смартфон или таблет, преку апликацијата «The Princess and Her Friends» страниците и ликовите од оваа боенка оживуваат – ќе се запознаете со прекрасната принцеза Лиле, смешното маченце, храброто кученце и мудрото бувче. Тие си играат, разговараат и реагираат кога ќе ги допреш. Принцезата Лиле исто така знае да танцува (и зборува македонски), а нејзината облека или фризура можеш да ги промениш само со едно кликање. Откако ќе ја избереш твојата омилена комбинација, можеш да се фотографираш со прекрасната принцеза Лиле и да ги објавиш фотографиите на социјалните мрежи или да ги зачуваш во твојата галерија.
Апликацијата за смартфони и таблети функционира на Android (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов).
Внимавајте: За да бидете сигурни дека апликацијата ќе функционира непречено, обидете се да не боите преку задебелените црни линии на сликите.
Принцезата Лиле и нејзините пријатели се подготвени да се дружат со вас во нашата смарт боенка. 😊Само насочете ја камерата од смартфонот кон страниците од боенката и ликовите ќе оживеат како што е прикажано на сликата! Исто и вие ќе можете да се фотографирате со нив! ✅Достапни на https://smartboenki.mk/#смартбоенки
Posted by Смарт боенки on Sunday, September 24, 2017
Смарт боенки со 3D ликови кои оживуваат од страниците на боенката! Само насочете ја камерата од смартфонот кон страниците од боенката и тие ќе оживеат како што е прикажано во видеото! Достапни на https://smartboenki.mk/#смартбоенки
Posted by Смарт боенки on Sunday, September 17, 2017
Смарт боенка – Принцезата Лиле
По Pokemon Go, во Македонија доаѓаат смарт боенките со ликови кои оживуваат директно на екранот од Вашиот смартфон или таблет.Секоја од нашите боенки може да се користи заедно со специјално дизајнирана апликација која е наменета за смартфони и таблети, преку која оживуваат ликовите од боенката. Апликацијата ја детектира страницата од боенката и ги вчитува ликовите кои можат да зборуваат, да танцуваат и да кажуваат многу поучни работи!
Posted by Смарт боенки on Tuesday, September 12, 2017
Упатство за инсталирање на апликацијата
1. За да ја пронајдете апликацијата «The Princess and Her Friends» скенирајте го QR кодот кој се наоѓа на левата страна или побарајте ја апликацијата «The Princess and Her Friends» на Google Play (за Android) или App Store (за iPhone и iPad).
2. Инсталирајте ја апликацијата на Вашиот уред.
3. Кога првпат ќе ја вклучите апликацијата од менито (горе, десно) одберете го копчето со планетата, и одберете македонски јазик.
4. Потоа вратете се на главното мени и одберете ја опцијата Play. Внесете го кодот кој се наоѓа под грепката (вклучувајќи ги и цртичките помеѓу карактерите). За активација на кодот потребно е да имате пристап до интернет. Секој код може да се искористи најмногу на 3 уреди.
5. Откако ќе биде активиран кодот поставете ја боенката на рамна површина и насочете ја камерата од смартфонот или таблетот кон која било слика од боенката и почекајте да се појават ликовите на екранот.