3-во-1: УЧЕЊЕ, БОЕЊЕ И ИГРАЊЕ!
Вашиот личен 3D возен парк со автомобили кои изгледаат како вистински и се управуваат со Вашиот смартфон!
„Чудесни автомобили“ е многу повеќе од обична боенка. Во оваа смарт боенка ќе можете да научите за модерните модели на автомобили, но и да ги управувате со Вашиот смартфон или таблет. Инсталирајте ја апликацијата «3D Cool Cars» за да можете да ги возите автомобилите кои се наоѓаат во оваа боенка. Со помош на апликацијата специјално дизајнираните страници од оваа боенка ќе се претворат во подземна гаража каде има паркирано 3D автомобил кој изгледа исто како вистински! Користејќи го Вашиот смартфон или таблет ќе можете да го управувате автомобилот низ страниците на боенката, но и надвор од неа!
Апликацијата за смартфони и таблети може да се користи на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов), и iPad (2 или понов).
Со смарт боенката „Чудесни автомобили“ освен што ќе можете да боите, ќе можете и да ги возите вашите омилени автомобили! Само насочете ја камерата од смартфонот кон страниците од боенката и тие ќе се појават на екранот како што е прикажано во видеото! https://smartboenki.mk/proizvod/chudesni-avtomobili/#смартбоенки
Posted by Смарт боенки on Sunday, September 17, 2017
Упатство за инсталирање на апликацијата
1. За да ја пронајдете апликацијата за Android, iPhone или iPad, скенирајте го QR кодот кој се наоѓа на левата страна или побарајте ја апликацијата «3D Cool Cars» на Google Play (за Android) или App Store (за iPhone и iPad).
2. Инсталирајте ја апликацијата на Вашиот уред.
3. Кога ќе ја вклучите апликацијата првпат, од менито одберете ја опцијата Play и внесете го кодот кој се наоѓа под грепката (вклучувајќи ги и цртичките помеѓу карактерите). За активација на кодот ќе Ви биде потребен интернет. Секој код може да се искористи најмногу на 3 уреди.
4. Откако ќе биде активиран кодот поставете ја боенката на рамна површина и насочете ја камерата од смартфонот или таблетот кон која било слика од гаража во боенката. Кога виртуелната гаража ќе се појави на екранот, допрете ја за да ја отворите, по што ќе може да започнете со возењето на автомобилот.