Политика за враќање и рефундирање на средствата

Ви благодариме што купувате на нашата веб страница! Доколку не сте целосно задоволни од купените производи, тука сме за да Ви помогнеме!


Испорака и прием на производите

При доставата, Вие сте должни да ги проверите производите и да проверите дали одговараат на Вашите очекувања. Вие сте одговорни за плаќање на трошоците за достава. Трошоците за достава не можат да бидат рефундирани.


Враќање на производите

За да можете да ги вратите производите тие треба да бидат неоштетени. Доколку грепката со серискиот број е изгребана или оштетена на каков било друг начин, се смета дека производот е оштетен, а со тоа е оневозможено негово враќање и поврат на средствата. Таквите производи немаме обврска да ги вратиме, ниту да ги рефундираме средствата.

Доколку производите кои сакате да ги вратите се неотпакувани, неоштетени и со неоштетен код, тогаш заедно со фактурата треба да ги доставите на нашата адреса во рок од 7 дена. Доставата до нашата адреса ја плаќате Вие.

По добивањето на производот ќе го провериме и ќе Ве известиме дека го имаме добиено вратениот производ.

Откако ќе се увериме дека производите се во ред, веднаш ќе бидете контактирани и парите ќе бидат вратени на начин на кој одговара за двете страни, освен сумата за поштарина која е вклучена во фактурата. Таа сума (приближно 130 денари) не може да биде рефундирана.

Рефундирање на средствата пред да ги добиеме производите не е возможно.


Измени во Политиката за враќање

Ве известуваме дека МЦСП дооел како сопственик на оваа веб страница ги задржува правата за можни измени на Политиката за враќање на производите без обврска за претходно известување на корисниците.

Корисниците се должни да ги следат измените на оваа страница за да бидат информирани за условите за враќање на производите пред да ја направат порачката.

Користењето на нашите услуги значи дека се согласувате со правилата наведени овде.

Последни промени: 10.09.2017


Контакт

За дополнителни информации контактирајте не на info@smartboenki.mk.